25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: Потребна е нова глобална валута

Кина: Потребна е нова глобална валута

val1

Растот на нивото на јавниот долг во развиените економии, предизвика криза која се заканува дека ќе го сруши доларот и другите големи валути.

Ова предупредување пристигна од кинеската кредитна рејтинг агенција „Дагонг Глобал Кредит Рејтинг“. Агенцијата наведува дека развиените земји предизвикуваат „валутна војна“, така што се обидуваат да ги поттикнат своите економии со помош на лабавата монетарна политика уште од финансиската криза од 2008 и 2009 година, пренесува агенцијата Франс Прес.

„Светот се поактивно ќе бара нова глобална валута на местото на доларот, еврото, јенот и фунтата, како замена во постоечкиот меѓународен валутен систем“, наведува Дангонг.

Кинеската валута јуан во соопштението не се споменува како можна алтернатива, но се наведува дека Кина, поради добрите економски основи и се поголемото влијание во светот, е во одлична позиција да ја превземе водечката улога.

Агенцијата наведува дека напорите на Кина и другите земји во развој, да ја стимулираат домашната побарувачка, се со цел овие земји да ја имаат главната улога во заштитата на глобалниот финансиски систем.

Декадата на реформи и силен економски раст ја направија Кина втора по големина светска економија, но нејзината валута, поради строгата контрола на пазарот на капитал, нема значајна улога надвор од границите на земјата, но тоа постепено се менува.

Дагонг беше на насловните страници на светските весници во 2011 година, кога го намали кредитниот рејтинг на САД, откако американскиот Конгрес донесе нов закон со кој се менува горната граница на државниот долг.

Агенцијата во октомври минатата година најави партнерство со бонитетните агенции од САД и Русија, со цел да стави крај на доминацијата на големите американски рејтинг агенции во оценувањето на државите и компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП