понеделник, 6 февруари 2023
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен хотел во Ванкувер (фото)

Луксузен хотел во Ванкувер (фото)

vva1

Ванкувер, третиот град по големина во Канада, е прогласен за најпосакувана метропола за живеење во светот. Се прашувате зошто? Безбројни се причините и можностите на овој град. Го нарекуваат мултикултурен град бидејќи на секое ќоше можат да се слушнат различни светски јазици, што значи дека на 52 проценти од населението англискиот не им е мајчин јазик.

Доколку имате во план да го посетите овој несекојдневен град, наш предлог е да се сместите во „Fairmont Pacific Rim“.

Хотелот се наоѓа во Ванкувер, на обалата на Тихиот океан. Одалечен е од аеродромот на 45 минути возење. Ентериерот на собите и апартманите е многу луксузен. Погледот преку снежните канадски планини, Стенли парк, и самиот град, ќе ви го разубават секој поминат момент во овој хотел. Секоја соба е опремена со луксузни елементи и луксузна гарнитура.

Многубројните излети и организации на хотелот ќе ви го разубават престојот во Ванкувер. Интересно и несекојдневно е собирањето пред поаѓање. Станува збор за прекрасно дизајниран покрив кој поседува хелиодром, од кој со хеликоптер се упатувате до саканата дестинација.

Хотелот поседува вкупно 337 соби и апартмани, а цената за една ноќ се движи околу 217 американски долари.

vva2

vva3

vva4

vva5

vva6

vva7

vva8

vva9

vva10

vva11

vva12

vva13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП