26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdobe ја купи компанијата Aviary

Adobe ја купи компанијата Aviary

adobe-aviary

„Adobe“ признава дека е се поголем бројот на корисници кои на своите мобилни телефони ги обработуваат, уредуваат и разубавуваат фотографиите или едноствно – додаваат филтери. Поради тоа тие ја купија компанијата која стои зад мобилната апликација „Aviary“.

„Aviary“ покрај мобилната апликација во понудата има и многу вредна работа – „SDK“ кој на програмерите им нуди можност за користење на нивните алатки за обработка на фотографиите.

„Aviary SDK“ ќе продолжи да постои, но внатре во „Adobe Creative SDK“ пакетот, изјавија од компанијата. На програмерите наскоро ќе им бидат достапни и нови можности, како чување во „Adobe Creative Cloud“ или користење на одредени технологии од „Photoshop“.

Вредноста на аквизицијата не е позната, а не е објавено ниту времето кое е потребно за интеграција на услугите на компанијата „Aviary“ во услугите на „Adobe“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП