25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките од еврозоната треба да вратат 61 милијарди евра кредити

Банките од еврозоната треба да вратат 61 милијарди евра кредити

european-banks

Вкупно 356 банки од еврозоната, до 27 февруари треба да вратат 61,1 милијарда евра од кредитите со ниска каматна стапка и рок на отплата од три години, што им беа доделени минатата година.

Овие кредити, банките во еврозоната ги добија во рамки на итните мерки за покривање на нивната ликвидност, со цел да се избегне крах на банкарскиот сектор.

Согласно програмата на Европската централна банка (ЕЦБ) за помош на банкарскиот сектор, насловена „Долгорочни операции за рефинансирање“, по истекот на првата година од задолжувањето, банките имаат обврска да вратат дел од износот на долгот.

– Според тоа, 356 банки во еврозоната на 27 февруари ќе вратат 61,1 милијарда евра од евтините тригодишни кредити, се вели во кусото соопштение на ЕЦБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП