27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРио Фердинанд кандидат за потпретседател на ФИФА

Рио Фердинанд кандидат за потпретседател на ФИФА

rio ferdinand

Поранешниот англиски репрезентативец Рио Фердинанд е меѓу кандидатите на Англиската фудбалската асоцијација (ФА) како британски претставник за местото потпретседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА).

Како што пренесуваат британските медиуми, ФА изготвила листа за потпретседател на ФИФА од Велика Британија, откако директорот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Гил, ја откажал својата кандидатура.

Рио Фердинанд е меѓу кандидатите, иако е сеуште активен фудбалер, односно настапува за премиер лигашот Квинс Парк Ренџер во чии редови дојде изминатото лето од Манчестер Јунајтед.

Покрај Фердинанд, меѓу кандидатите се уште двајца поранешни репрезентативци на Англија, Грем Ли Со, и голманот Дејвид Џејмс кој брани за индискиот клуб Карала Бластерс, како и поранешниот играч на Челзи, Пол Елиот.

Изборот на ФИФА ќе се одржи во март следната 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП