19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHP најави Андроид таблет

HP најави Андроид таблет

hp1

Американската компанија „Hewlett-Packard“ на Светскиот конгрес за мобилни технологии во Барселона најави дека наскоро ќе започне со производство на таблет компјутери со Андроид платформа.

Новиот HP таблет ќе има седум инчен екран, кој ќе чини 169 долари кога ќе се појави во продажба на американскиот пазар во април оваа година.

Таблетот наречен „Slate 7“ ќе има 1027 х 600 екран, 1.6GHz dual core Cortex A9 процесор, 1GB рам меморија, задна камера од 3 мегапиксели и VGA камера напред, 8GB простор за складирање, а ќе работи на Андроид  Jelly Bean 4.1.

Овој таблет за HP компанијата, која е најголемиот производител на компјутерска опрема, ке биде првиот таблет компјутер на Андроид оперативен систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП