Оддалечен неколку часови со траект од Атина, грчкиот остров Парос е вреден за патување доколку сакате да видите уникатно место…
Овој пат ви претставуваме една од многуте елегантни вили од ова подрачје, кои се совршен микс на традиционалниот шарм и современата моќ. „Almyra“, луксузната вила, името го добила по дрвата тамариск кои растат овде и идилично е сместена во оддалеченото рибарско село Амбелас, на само 150 метри од плажата.
Кога ќе стапнете внатре во вилата, ќе видите прекрасни и свежи ентериери, декорирани во минималистички стил. Но, вистинската магија се случува надвор од вилата.
Балконот покрај базенот е прекрасно наместен со лежалки, трпезариска маса и удобен простор за опуштање во сенка.
Беспрекорниот поглед на морето и бујните зелени полиња креираат атмосфера на смиреност и чистота.
Уживајте во фотографиите…