26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSAP ја превзема Concur зa 7.3 милијарди долари

SAP ја превзема Concur зa 7.3 милијарди долари

sap 333

Германскиот софтверски гигант „SAP“ ќе ја превземе американската компанија „Concur“, специјализирана за софтвер наменет за управување со патувањата и трошоците внатре во компаниите. Според информациите оваа аквизиција „SAP“ ќе ја чини 7.3 милијарди долари.

Со превземањето на „Concur“ од „SAP“ се надеваат дека ќе ја зајакнат својата понуда во решенијата во „облак“, а благодарејќи на силната позиција која „Concur“ ја има на подрачјето на управување со патувањета, се надева и на поголема продажба на компанијата во тој сектор.

„Concur“ има 23.000 клиенти, вклучувајќи компании, владини институции и универзитети со повеќе од 25 милиони корисници на нивниот софтвер за управување со патувањата и трошоците.

Од „SAP“ објавија дека ќе платат 129 долари за секоја акција на „Concur“, што е за 20% повеќе од нивната последна цена на берзата, т.е. нешто помалку од рекордната цена од 130.36 долари, која акциите на „Concur“ ја имаа во јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП