25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМОДЕФ – Срцето на турскиот сектор за мебел

МОДЕФ – Срцето на турскиот сектор за мебел

modefko

Од 4 до 8 ноември, градот Инегол во Бурса, Турција по 32 пат ќе биде домаќин на еден од најголемите саеми за мебел на Балканот. Повеќе од 150 компании кои произведуваат мебел, како од Турција, но така и од странство, ќе ги изложат своите производи, а се очекуваат и над 1500 гости и посетители од Европа, Средниот Исток , Балканот како и Африка. На саемот, ќе може да се видат како модерни, класични гарнитури, но и антика. Во фокусот најмногу се спалните и дневните соби, како и детските и собите посебно наменети за мали бебиња.

Модеф Експо ќе биде посебно интересен за сите кои сакаат да купат квалитетен мебел, за исклучително ниска и прифатлива цена. Компаниите во Инегол ресурсите за производство ги земаат од локалните шуми, па поради тоа производството е поевтино, а со тоа и цената. Во исто време, квалитетот е на високо ниво.

Индустријата за мебел во Турција во последните години е во забрзан развој. Од вкупното производство, околу 25 отсто се извезува во странство.

Во Инегол се сместени повеќе од 260 фабрики и 1.500 производствени центри, со што градот е најголем производител за мебел во Турција.

Минатата година, на саемот присуствуваа околу 30.000 посетители, од вкупно 48 земји во светот.

Оваа година, се очекуваат посетители и изложувачи од Бугарија, Босна и Херцеговина, Ирак, Иран, Афганистан, Египет, Азербејџан, Русија, Украина, Либија, Јордан, Тунис, Саудиска Арабија, Палестина, Кувајт и многу други.

Сите кои сакаат да се информираат за програмата, тоа можат да го направат на линкот (http://www.modef.com.tr/expo/en/alt-sayfalar/raporlar/fair_report_2012_expo.pdf).

Некои од организациите кои го промовираат овој саем се и Светскиот трговски центар во Дубаи и организацијата за саеми во Хановер, Германија.

Организаторот на саемот, АнтЕкспо, очекува уште поголем успех оваа година, а на компаниите кои ќе го посетат, им ветува дека ќе успеат уште подобро да ја развијат својата стратегија за производство на мебел.

MODEF

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП