Фармацевтската и хемиска компанија од Германија постигна договор за аквизација на американска компанија, во рамките на настојувањата да го зајакне работењето во сегментот биомедицина.
Германската фармацевтска и хемиска компанија „Merck“ соопшти дека постигнала договор за аквизиција на американската компанија „Sigma-Aldrich“ за 17 милијарди долари во готовина, во рамките на настојувањата да го зајакне сегментот биомедицина.
Станува збор за најголемото преземање на оваа германска групација со седиште во Дармштад. Според договотот кој го одобри управата на „Sigma-Aldrich“ со седиште во САД, „Merck“ ќе ги купи сите акции на оваа високотехнолошка компанија по одделна цена од 140 долари.
Компанијата во мнозинска сопственост на семејството „Merck“ очекува годишни финансиски ефекти од споменатата трансакција во износ од околу 260 милиони евра, кои целосно би требале да се реализираат во рок од три години од заклучениот договор.