Artonomos е компанија од Хонг Конг која креира уникатни и префинети предмети за вашиот дом…
Еден од најдобрите и најлуксузни предмети кој е дел од нивниот асортиман е исклучителниот сет за чај кој е наречен „Confluence“, а дизајниран е така што тој потсетува на топографска карта. Направен е од дрво од бреза со сјајни завршни детали поради декорација, но и заштита.
Пејсажот кој е одбележан е долина со меандри, додека на него има место за шест шољи чај. Чајникот и шољите се поставуваат на „планините“, додека „долината“ која се наоѓа подоле се користи како резервоар, доколку чајот се истури.
Ова парче е навистина префинето, а неговата цена изнесува 1,700 долари. Многумина мислат дека тоа е преголема цена за толку едноставен сет, но првите 100 парчиња веќе се продадени.