25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапите оброци во светот

Најскапите оброци во светот

hamb1

Доколку се најдете во ситуација во која поради некоја причина треба да потрошите голема сума на пари, еве неколку јадења кои ќе го олеснат вашиот џеб.

Најскапиот хамбургер во светот можете да го пробате во Њујорк во ресторанот „Serendi“. Тој чини 295 долари. Се прашувате зошто? „Le Burger Extravagant“ е направен од јапонско говедско месо натопено во путер од бели тартуфи. Исто така, содржи и сирење и јајце од препелица. Ако ова не е доволно за да го оправда трошокот, со хамбургерот ќе добиете и златна чепкалка прекриена со дијаманти.

Најскапата пица можете да ја пробате во Малта во пицеријата „Margo“. Таа чини 2,400 долари. За да ја вкусите оваа пица потребно е да ја нарачате една недела претходно. Покрај останатите состојќи во нејзиниот состав се вклучени и белите тартуфи.

Најскапата чорба се нуди во менито во лондонскиот ресторан „Kai Mayfair“. Таа е наречена „Буда го прескокнува ѕидот“ и една порција од неа чини 190 долари. За да ја вкусите потребно е да ја нарачате пет дена претходно, таа содржи месо од ајкула, школки, печурки јапонски цвет, морска краставица, пилешко месо, шунка и свинско месо.

Најскапиот Хот-дог  чини 145,49 долари, а можете да го купите во Сакраменто.

Најскапиот десерт се нуди во ресторанот „Serendipity“ во Њујорк. Смрзнатиот чоколаден десерт „Haute“ во овој ресторан чини неверојатни 25, 000 долари. Овој сладолед е мешавина од 28 видови на какао вклучувајки ги најскапите 14 видови на какао во светот. Овој сладолед е украсен со златни декоративни парчиња кои може да се конзумираат. Овој сладолед се служи во златен пехар и заедно со него добивате златна нараквица (18 карати) со еднокаратен дијамант. Нормално, оваа чоколадна перверзија се конзумира со златна лажица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП