26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВаран го продолжи претстојот на „Сантијаго Бернабеу“

Варан го продолжи претстојот на „Сантијаго Бернабеу“

vran 2020

Францускиот интернационалец и еден од најперспективните млади дефанзивци во Европа ја продолжи соработката со актуелниот шампион на „стариот континент“.

Гигантот од „Сантијаго Бернабеу“ се потруди на време да го „врзе“ Рафаел Варан и да ја спречи можноста францускиот интернационалец да го напушти клубот.

Дефанзивецот денеска потпиша нов договор со Реал Мадрид, односно ја продолжи соработката на уште три години.

Па така, Варан според новиот договор во „кралскиот клуб“ ќе остане до 2020-та година, а со тоа Реал си ја обезбеди иднината на позицијата стопер.

Одличниот Варан е роден во 1993-та година, а претходниот договор со Реал Мадрид му истекуваше во 2017-та година.

Новиот договор ќе е финансиски подобар за Французинот кој во Мадрид пристигна од Ленс во 2011-та година, а тогаш „кралевите“ за него платија 11 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП