20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕриксон ќе отпушта 1.600 вработени

Ериксон ќе отпушта 1.600 вработени

ercssonn3

Шведската компанија од областа на телекомуникации „Ериксон“ ќе престане со работа на развој на модеми, па поради тоа околу 1.600 вработени би можеле да останат без работа.

„„Ериксон“ ќе престане со активностите за развој на модеми“, се наведува во соопштението на компанијата.

На оваа дејсност работеа 1.582 вработени, а постои можност некои од нив да бидат преместени на нови работни места, се додава во комуникето. Загрозените работни места се наоѓаат во филијалите во Шведска, Индија, Германија, Кина и Финска.

„Пазарот се намали. Се помал и помал е бројот на производители на смартфони кои одвоено купуваат модеми, туку ги набавуваат како составен дел од процесорот“, објасни генералниот директор, Ханс Весберг.

Одлуката на компанијата да го суспендира натамошниот развој на модеми ја донесе откако констатирале дека мораат да се прилагодат на се поголемата конкуренција и барањата на пазарот, како и забрзаниот развој на новите технологии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП