3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКлучот за излез од кризата е во самата Грција

Клучот за излез од кризата е во самата Грција

oli ren

Според еврокомесарот за економски и монетарни прашања, Оли Рен, клучот за излезот од кризата е во рацете на самата Грција. Но под услов, ако државата продолжи со програмата за финансиска консолидација.

Тој наведе дека подлабоката од очекуваната рецесија на економија и високата стапка на невработеност во Грција, е пред се поради политичката нестабилност, како и неимплементирањето на програмата за структурни реформи.

Европската комисија прогнозира дека годинава рецесијата во Грција ќе биде 4.4 проценти, а економскиот раст земјата ќе има дури следната година, кога се очекува пораст на бруто домашниот производ од 0.6 проценти.

Според прогнозите стапката на невработеност во Грција годинава ќе биде 27 проценти, а во 2014-та година се очекува мал пад на 25,7 проценти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП