ЕКОНОМИЈА

Пад на кредитниот рејтинг на Британија

Parliament

Агенцијата за рејтинг, „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Велика Британија од максималниот ААА на АА1.

„Кредитниот рејтинг на Велика Британија е намален поради „замрените“ перспективи на растот на британската економија и „високиот и растечки товар на долгот“, се истакнува во соопштението од „Мудис“.

Но, агенцијата наведува дека и покрај намалувањето на кредитниот рејтинг, кредитоспособноста на Велика Британија останува „исклучително висока“, а перспективата е стабилна.

Британскиот министер за финансии, Џорџ Озборн посочи дека намалувањето на кредитниот рејтинг е јавна опомена за проблемите со долгот, со кој се соочува земјата.