16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFrankfurter Allgemeine Zeitung отпушта 200 вработени

Frankfurter Allgemeine Zeitung отпушта 200 вработени

frankfurterallgemeinezejtung528396

Германскиот дневник „Frankfurter Allgemeine Zeitung – FAZ“, моќен влијателен и конзервативен, планира да отпушти 200 од своите 900 вработени.

Според плановите на овој дневник, во областа на издаваштвото во наредните две или три години би требало да бидат отпуштени околу 160 лица, а во редакциите околу 40 вработени, пренесуваат медиумите.

Укинувањето на работните места би требало да следи преку природна флуктуација, социјални реформи и други мерки, пренесуваат медиумите, наведувајќи дека во редакцијата на дневникот „FAZ“, неделното издание на „FAZ“ и онлајн порталот „faz.net“ има околу 400 постојано вработени лица.

Од „FAZ“ велат дека веќе со години работат во „црвената зона“ и дека со овој случај се заострува финансиската криза во германските медиуми. Кога станува збор за плановите за отпуштање се вели дека целта на „FAZ“ е до 2017 година во сите области за заштеди повеќе од 20 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП