3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпаниите во ЕУ имаат илјада милијарди евра во кеш

Компаниите во ЕУ имаат илјада милијарди евра во кеш

G

Европските компании имаат близу илјада милијарди евра во кеш, многу повеќе отколку во времето пред финансиската криза и се подготвени на големи инвестиции во наредните 12 месеци.

Компаниите во Европа имале ликвидност од 936 милијарди евра во 2013 година, во однос на 916 милијарди евра од 2012 година, соопшти ревизорско-консултантската компанија „Deloitte“.

Тие средства, сепак, нееднакво се распоредени, па само 17 проценти од компаниите поседуваат три третини од парите, наведува консултантската куќа. Секторите во кои постојат најголеми резерви на пари се индустрискиот (325 милијарди евра), енергетскиот (256 милијарди евра) и производството на потрошувачка стока (175 милијарди евра).

„Ова закрепнување на ликвидноста покажува дека Европа излегува од кризата и се движи кон зајакнување на економскиот раст и инвестициите“, наведува Катја Рует од „Deloitte“, додавајќи дека 59 проценти од анкетираните компании навеле дека се подготвени да инвестираат во претстојните месеци.

Една третина од директорите наведе дека тие ќе ги финансираат проектите главно од паричните резерви, додека 29 проценти од нив наведоа дека ќе подигнат банкарски кредити. „Deloitte“ ја изработи студијата врз основа на одговорите на 272 компании од различни големини и од различни сектори во 14 европски земји.

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) претходно предупреди дека забавеното закрепнување на еврозоната ги задушува перспективите за раст на глобалната економија, намалувајќи ја прогнозата за раст за повеќето развиени земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП