24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа кипарските банки им се потребни 9 милијарди евра

На кипарските банки им се потребни 9 милијарди евра

kipar1

На ослабениот банкарски систем во Кипар му се потребни речиси девет милијарди евра, за да може да го избегне банкротот кој му се заканува.

Американската консултантска компанија „Пимко“ во анализата утврди дека за докапитализација на кипарските банки се потребни 8,86 милијарди евра.

„Пимко“ е најмен од Кипарската Влада за да ги оцени капиталните потреби на банките, додека земјата преговара со странските кредитори за добивање на финансиска помош.

Според проценките на Кипарската Влада, за заздравување на банкарскиот сектор потребни се 6,5 милијарди евра.

Според нацрт-договорот склучен со „тројката“ меѓународни кредитори, банките би требало да добијат помош од 10 милијарди евра, како дел од целокупниот пакет за Кипар кој изнесува 17 милијарди евра.

За да го отплати тој кредит, Кипарската Влада ќе мора да стартува со програмата за приватизација на државниот имот, вклучувајќи ја и приватизацијата на телекомуникациските компании.

Министрите за финансии на Еврогрупата очекуваат во март да бидат постигнати договорите за спасувачкиот пакет за Кипар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП