2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во еврозоната поголема од 12%

Невработеноста во еврозоната поголема од 12%

eu1

Стапката на невработеност во еврозоната во текот на оваа година ќе се зголеми и ќе надмине 12 проценти, соопштува Европската комисија – (EK).

Минатата година, стапката на невработеност беше 11,4 проценти.

Оваа година таа ќе надмине 12,2 проценти, додека во 2014 година незначително ќе се намали на 12,1 проценти.

ЕК истакнува дека пазарот на трудот се разликува од земја до земја и дека до најголемо зголемување на невработеноста ќе дојде само во неколу земји.

Стапката на невработеност во Грција и Шпанија, двете земји најтешко погодени од кризата, оваа година, според предвидувањата, ќе достигне 27 проценти, односно 26,9 проценти. Наредната година невработеноста ќе биде значително помала, односно таа ќе изнесува 25,7 проценти во Грција и 26,5 проценти во Шпанија.

Од друга страна, во Германија стапката на невработеност оваа година ќе забележи 5,7 проценти, во Франција 10,7 проценти, а во Италија 11,6 проценти.

Единствена земја која ќе остане под прагот од 5 проценти ќе биде Австрија, со прогнозираната стапка на невработеност од 4,5 проценти во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП