26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоџерс се подготвува за јануари, „нишани“ на Лавеци

Роџерс се подготвува за јануари, „нишани“ на Лавеци

laveciii 23

Како еден од најактивните на пазарот, фудалскиот клуб Ливерпул значително ја засили екипата во текот на летниот преоден рок.

Дојдоа голем број на фудбалери, па намерата на Брендан Роџерс да ја засили конкуренцијта и алтернативата во тимот за долгата сезона и борбата на повеќе фронтови, беше јасна. Сепак, харизаматичниот менаџер не ги заврши сите планови, па така и сегашниот играчки кадар сака да го засили во јануари.

Пред се, англиските медиуми шпекулираат со напаѓачки опции и алтернативи во шпицот на нападот.

Без оглед на доаѓањето на Марио Балотели и Рики Ламберт, можноста за доведување на уште едно звучно име нема да биде пропуштена.

Станува збор за Езекијел Лавеци, Аргентинецот кој во текот на целото лето се поврзуваше со заминување од Париз. Незадоволен од својот статус, некогашниот фудбалер на Наполи, сепак покажа трпение и очекува работите да се променат во новата сезона.

Но, со оглед на тоа дека за него немаше место во стартната постава на првите шест натпревари од новата сезона, тоа укажува на можна разделба.

Ливерпул секако ќе има голема конкуренција, интерес најверојатно има и од страна на Интер, Фиорентина и Атлетико Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП