20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова аквизиција на Оracle

Нова аквизиција на Оracle

oracle office20

„Oracle“ додаде уште една софтверска компанија под својата закрила. Станува збор за „Front Porch Digital“, која е специјализирана за софтвер кој служи за складирање на различна медиумска содржина, поточно за услуги за управување, пренесување и монтирање на содржини во случај кога клиентот поседува голема количина на медиумска содржина.

Некои од клиентите на „Front Porch Digital“, меѓу останатите, се „BBC“, „NASCAR“, „Discovery Communications“, „NBC Universal“, Библиотеката на американскиот Конгерс и Европскиот парламент. Еден од познатите производи на компанијата е „SAMMA“ кој овозможува едноставна миграција и конверзија на аналогната архива во дигитална верзија.

Се посочува дека комбинацијата на софтверот на компанијата „Front Porch Digital“, кој работи во облак и надвор од него, заедно со хардверската инфраструктура на „Oracle“ ќе се создаде моќна платформа за управување со големите количини на складирана содржина, како во облакот, така и надвор од него.

Цената која „Oracle“ ја платил за превземањето на компанијата не е објавена, но познато е дека „Front Porch Digital“ уште некое време ќе функционира како посебна компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП