3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDanaher ja купува компанијата Nobel Biocare зa 2.2 милијарди долари

Danaher ja купува компанијата Nobel Biocare зa 2.2 милијарди долари

danaher333

Американската индустриска корпорација „Danaher“ ќе го превземе швајцарскиот производител на забни имплатанти „Nobel Biocare Holding“ за околу 2.2 милијарди долари, со цел да ја интевизираат активноста во тој сектор.

Оваа сума го вклучува и долгот на швајцарската компанија, а трансакцијата ќе биде извршена кон крајот на 2014-та или на почетокот на наредната година, беше соопштено од компанијата „Danaher“, a пренесува „Reuters“.

„Danaher“ очекува дека, благодарејќи на оваа операција, ќе си обезбеди привилегирана позиција во сегментот на забни имплатанти на глобално ниво.

Овој американски индустриски конгломерат со седиште во Вашингтон, кој вработува околу 66.000 луѓе, минатата година забележа приходи од 19 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП