26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо се враќа во Манчестер, но во црвениот или синиот дел на...

Роналдо се враќа во Манчестер, но во црвениот или синиот дел на градот!?

ronaldo12

Главниот адут на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е подготвен да го напушти клубот и да замине во Англија каде потворно би го облекол дресот на Јунајтед или би заминал во таборот на градскиот ривал Сити, пренесуваат англиските медиуми.

Веќе се говореше за несогласувањата на Роналдо со управата на „кралскиот“ клуб поради продажбата на Анхел ди Марија токму во Јунајтед и заминувањето на Чаби Алонсо во Баерн Минхен, па така последната информација е дека на Португалецот не му се допаѓа моменталната ситуација и дека полека ги пакува куферите.

Веројатно се кулминираше по поразот на Реал на својот стадион од Атлетико со 2:1, па така ѕвездата нема што повеќе да чека.

Роналдо, кој на „Сантијаго Бренабеу“ дојде во 2009-та година од „Олд Трафорд“ за тогаш рекордни 80 милиони фунти, би сакал да се врати во Манчестер Јунајтед, но и градскиот ривал Сити исто така е во опција, пишуваат англиските медиуми.

Извори велат дека на Роналдо му се допаѓа работата на тренерот на „ѓаволите“ Ван Гал, како и дека холандскиот стратег исто така би сакал да види таква ѕвезда во својот тим. Капитенот на португалската репрезентација следното лето ќе наполни 30 години, па цената за неговите услуги ќе биде значително помала, но се проценува дека 60 милиони фунти ќе бидат доволни за негов трансфер.

Сити во минатото исто така се обидуваше да го врати Роналдо во Премиер лигата, но едно е сигурно дека многу бргу ќе го напушти клубот за кој сонуваше дека ќе биде дел од него. Јунајтед засега не се изјаснува за тоа, но останува да се види што точно ќе се случи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП