26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБорбата на Чешка против кризата

Борбата на Чешка против кризата

cheshkakriza

Централно-десничарската влада на Чешка соопшти дека ќе ја исполни целта за јавен дефицит од 3,5 проценти од БДП.

Владата ја постави целта од 3,5 проценти и таа ќе биде остварена, изјави чешкиот министер за финансии Мирослав Калушек.

Конечните податоци ќе бидат достапни во февруари,по објавувањето на податоците за БДП во 2012 година. Економијата на Чешка, во која живеат 10,5 милиони жители и која во голема мера зависи од производството на автомобили и извозот во Германија, последната година се наоѓа во рецесија.

Во Буџетот за 2013 година, кој беше усвоен од страна на парламентот пред Божиќ, предвидено е намалување на јавниот дефицит на 2,9 проценти од БДП, што е под лимитот на ЕУ од три проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП