14 јули, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАiPhone го претекна Samsung

iPhone го претекна Samsung

iphone22

„Apple iPhone 5“ е најпродаваниот мобилен телефон во последниот квартал од 2012-та година, па со тоа од тронот го симна „Samsung Galaxy S3“.

Според најновите информации, квалитетниот екран на допир, глобалната дистрибуција и одличните тарифни пакети на операторите го донесоа „iPhone 5“ за првпат, на првото место.

Во текот на последниот квартал од минатата година беа испорачани 27.4 милиони примероци ширум светот, а пак овој телефон чини 13 проценти од комплетната испорака на паметни телефони од сите произведувачи.

Покрај тоа, „Apple“ испорача и 17.4 милиони телефони од моделот „iPhone 4Ѕ“ или осум проценти од вкупниот пазар на мобилни телефони.

„Samsung Galaxy S3“ го зазема третото место со 15.4 милиони продадени телефони или има удел од седум проценти на пазарот.

Овој модел на корејскиот производител неодамна стана популарен кај корисниците и операторите ширум Северна Америка, Европа и Азија, но глобалната побарувачка за овој уред доживеа кулминација, па според гласините, „Samsung“ во скоро време ќе го претстави и неговиот наследник, „Galaxy S4“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП