16 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИBauMax ги продаде и продавниците во Бугарија

BauMax ги продаде и продавниците во Бугарија

baumax u33

Австриската групација „BauMax“ објави дека ја продала својата бугарска единица со осум продавници за домаќинство на домашниот инвеститор „Haedus JSC“, продолжувајќи со тоа да го намалува обемот на бизнисот според планот за реструктуирање.

Исто како и останатите ланци за опрема за домаќинството, и „BauMax“ се соочува со слаба побарувачка поврзана со уморните пазари и анемичните економи. Компанијата минатата година ја заврши со загуба од 189 милиони евра, наведува „Reuters“.

Групацијата во април со своите банкарски кредитори го договори планот за реструктуирање кој би требало да биде реализиран до 2016-та, а предвидува продажба на загубарските делови во Турција, Романија, Бугарија и Хрватска до крајот на оваа година и фокусирање на Австрија, Чешка и Словачка.

Пред извесен период „BauMax“ имаше 158 продавници, од кои скоро половина во Австрија, а останатите во Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија, Хрватска, Романија, Бугарија и Турција.

Во јули тие го продадоа својот романски огранок, а во април започнаа да ги затвораат и продавниците во Турција.

Финансиските детали од продажбата на бугарскиот огранок не беа објавени.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП