29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВака ќе изгледа новиот Windows 9!?

Вака ќе изгледа новиот Windows 9!?

win 9

„Windows 9 Preview“ ќе биде објавен на крајот на овој месец, но бројни „screenshotѕ“ кои ја покажуваат оваа верзија на оперативниот систем во акција, веќе се појавија на интернет.

Германската страна „computerbase.de“ вчера ги објави овие „screenshotѕ“, порачувајќи дека тие се дел од „Windows 9 Technical Preview build 9834“.

win 9 1

Како што можете да видите од прегледот на овие „screenshotѕ“, „preview“ верзијата на „Windows 9“ ќе има бројни функции за кои се говореше во последно време, меѓу кои е и центарот за известување.

Иако се говореше дека „Windows 9 Preview“ ќе биде објавен без менито „Start“, се чини дека тоа е веќе тука и содржи дизајн сличен на оној кој „Microsoft“ веќе го презентираше на конференцијата „BUILD 2014“ во април.

win 9 2

„Start“ менито е микс на класичниот дизајн на „Windows 7“ со модерни елементи. Во исто време, ни се покажуваат повеќе десктопи во акција, каде копчето на дното на екранот овозможува префрлување од еден на друг десктоп.

Центарот за известување исто така е тука и би требало да има иста улога како кај „Windows Phone 8.1“ платформата, односно да го задржи во тек корисникот со тоа што се случува на десктопот.

win 9 3

„Windows 9 Preview“ ќе биде достапен за дваесетина дена, но сепак неможеме да тврдиме дека сите овие функции веднаш ќе бидат достапни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП