
Луксузната куќа „Harvey Nichols“ во својот асортиман ќе вклучи три стила на очила кои ги дизајнираше „Linda Farrow“…


Луксузната куќа „Harvey Nichols“ во својот асортиман ќе вклучи три стила на очила кои ги дизајнираше „Linda Farrow“…
Овој луксузен асoртиман на очила е резултат на ексклузивната соработка на овој бренд и „Harvey Nichols“ продавниците. Очилата имаат 24-каратни златни стакла, а еден пар има и рамка декорирана со дијаманти. Двата пара кои се „обични модели“ ќе чинат околу 7.000 фунти за еден пар очила, а оние декорираните со дијаманти ќе чинат дури 27.000 фунти.
Од основањето на брендот во 1970 година, „Linda Farrow“ е еден од најдобрите дизајнери на очила. Овој бренд стана доста популарен и ценет поради своите футуристички и смели дизајни, како и стиловите кои за прв пат беа претставени во светот, а се популарни до денес.


