27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧешката економија годинава ќе стагнира

Чешката економија годинава ќе стагнира

cheshka

Според проценките на Европската комисија (ЕК), чешката економија годинава ќе стагнира и буџетскиот дефицит ќе достигне 3,1 проценти од бруто домашниот производ (БДП).

Од тоа произлегува дека буџетскиот дефицит во земјата ќе биде над клучната граница од три проценти, што е услов за завршување на процедурата за преголем дефицит која Чешка ја води со ЕУ.

Чешка во процедурата за преголем дефицит, која за неа во екстремен случај може да придонесе да бидат стопирани европските донации, се најде во 2009 година.

Комисијата, смета дека дефицитот на чешкиот Буџет за минатата година ќе изнесува 5,2 проценти од БДП.

Овде значителен придонес има пресметката за враќање на имотите на црквите односно нивно обештетување.

Чешката Влада, по барање на ЕУ се обидува буџетскиот дефицит да го довдеде под три проценти од БДП.

Комисијата, која во ноември очекуваше за Чешка пораст на БДП за 0,8 проценти во својата нова оценка е попесимистичка, но не како чешкото Министерство за финансии кое предвидува пораст на чешката економија за само 0,1 проценти.

Чешката народна банка (ЧНБ) има „најцрни“ прогнози и очекува намалување на БДП за 0,3 проценти.

Домашната побарувачка, според ЕК и годинава ќе остане слаба.

Невработеноста, според новата методологија на Комисијата ќе порасне на 7,6 проценти наспроти 7-те проценти минатата година.

Инфлацијата би требало постепено да опаѓа и да изнесува 2,1 во однос на 3,5 проценти колку што изнесуваше лани.

Целата еврозона годинава ја чека пад за 0,3 проценти, иако БДП на цела ЕУ ќе порасне, но само за 0,1 проценти.

Ситуацијата би требало да се подобри идната година, за кога се предвидува пораст во еврозоната за 1,4 проценти, а во ЕУ за 1,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП