5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната уште една година во рецесија

Еврозоната уште една година во рецесија

eurozona

Еврозоната во 2013 година ќе се соочи со уште една година на рецесија, а невработеноста веројатно ќе ја надмине бројката од 20 милиони, соопшти денеска Европската комисија.
Се предвидува дека Бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната ќе се намали за 0,3 отсто во 2013 година, по минатонеделното намалување од 0,6 отсто, се наведува во соопштението.
Во претходите економски прогнози на ЕК, изнесени на нејзиното зимско заседание, е констатирано дека презадолжената монетарна унија, во која живеат околу 340 милиони луѓе, нема да забележи раст до 2014 година, за кога е предвиена стапка на раст од 1,4 отсто.
Како последица на тоа невработеноста во 2013 година ќе достигне 12,2 отсто, по минатогодишните 11,4 проценти, односно 19 милиони невработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП