25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Газпром потона за 48 проценти

Профитот на Газпром потона за 48 проценти

gazpromkirgizgas6564566

Рускиот енергетски гигант Газпром во првиот квартал забележа пад на нето профитот од 48 проценти на годишно ниво, дел поради украинскиот долг за гасот.

Нето заработката во три месеци заклучно со март изнесувала 223 милијарди рубљи (5,96 милијарди долари), додека приходите истовремено пораснале за седум проценти на 1,55 илјади милијарди рубљи (41,6 милијарди долари), пренесува агенцијата Франс прес.

Падот на профитот бил очекуван поради слабеењето на рубљата.

Газпром наведува дека оперативните трошоци во првиот квартал пораснале за 15 проценти на годишно ниво, додека профитот од работењето е намален за осум проценти на 12,6 милијарди долари. Продажбата на гас во Европа, главниот пазар на Газпром по Русија, е зголемена за 13 проценти на 12,9 милијарди долари. Благодарение на обемот на продажба и цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП