27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТриглав Осигурување спонзор на Ракометениот клуб Вардар

Триглав Осигурување спонзор на Ракометениот клуб Вардар

pa

Триглав Осигурување со гордост и големо задоволство објавува дека е спонзор на Ракометниот клуб Вардар.

Како долгогодишен поддржувач на националниот спорт, Триглав Осигурување оваа сезона одлучи да застане зад осумкратниот шампион на Македонија, којшто настапува во Македонската Супер лига, во регионалната СЕХА Газпром Лига и во ЕХФ Лигата на шампионите, Ракометниот клуб Вардар, и да обезбеди подршка на машката и женската сениорска екипа, како и на младинските екипи на клубот.

Триглав Осигурување, согласно спонзорската стратегија на групацијата е посветен на подршката и развојот на спортот и е спонзор на голем број на проекти во доменот на спортот.

pc

Имајќи предвид дека една од основните вредности на брендот Триглав е токму корпоративната општествена одговорност, од особена важност за компанијата претставува посветеноста на Ракометниот клуб Вардар кон развојот на ракометот во земјата, како и можноста за соработка во овој домен, преку подршка на активностите на Академијата за млади таленти на клубот, во чии рамките се развива проектот Страст за ракометот. Овој проект според двете страни има стратешко значење, како поради својата цел да ги развива идните квалитетни првотимци и репрезентативци во ракометот, така и поради својата улога во втемелувањето на вистинските вредности и навики, како и градењето на спортскиот и тимскиот дух кај децата.

“Триглав е компанија која секогаш се стреми да обезбеди највисок квалитет во сите домени на своето работење. Цел и мисија на компанијата е безбедна иднина за сите – за нашите клиенти и вработени, за соработниците и инвеститорите. Убедени сме дека секоја успешна компанија треба да биде инкорпорирана и да му помага на општеството во коешто делува, затоа една од најважните вредности на нашиот бренд е корпоративната општествена одговорност. Токму затоа Триглав силно верува во инвестирањето во националниот спорт и во важноста на неговиот развој, особено кога тоа ги вклучува младите категории и децата. Вистинска чест и задоволство е што сум во можност да објавам дека Триглав Осигурување е спонзор на Ракометниот клуб Вардар. Во Триглав сметаме дека е вистинска привилегија да бидеме дел од проектите и активностите коишто клубот ги планира, имајќи ја на ум иднината на ракометот во Македонија. Се надеваме дека со нашата подршка ќе придонесеме кон остварување на што подобри услови за работа на клубот и постигнување на што подобри резултати”, изјави во оваа прилика Извршниот директор на Триглав Осигурување АД, г-ѓа Сања Танчевска.

pg

Според извршниот директор на Ракометниот клуб Вардар оваа соработка ќе придонесе за развојот на македонскиот ракомет.

“Ракометниот клуб Вардар е голем и амбициозен проект којшто допрва ќе го освојува Европскиот ракомет во машка и женска конкуренција, и затоа сметаме дека соработката со компанијата Триглав, која претставува голем поддржувач на македонскиот спорт генерално одговара на стратегијата на нашиот клуб, кој секогаш има амбиции за подобри резултати и се стреми кон нови успеси. Вардар има за цел да изгради стабилна македонска ракометна иднина, која на долг рок ќе придонесе за големи успеси на Македонија, а со компанијата Триглав веруваме дека ова ќе го оствариме. Сакам да им се заблагодарам за нивната голема поддршка и цврсто верувам дека заедно ќе успееме во нашите цели.” – изјави извршниот директорот на РК Вардар, г. Давор Стојаноски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП