24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајавена нова инвестиција во производствената опрема во винарската визба „Тиквеш“

Најавена нова инвестиција во производствената опрема во винарската визба „Тиквеш“

tikvesvinarskavizba

Нова инвестиција во производствена опрема во винарската визба „Тиквеш“ вредна половина милион евра најави денеска од генералниот директор Игор Илиевски.

Станува збор за опрема за ферментација на врвни црвени вина која претставува комбинација од традиционални македонски практики на обработка на црвени вина, меѓутоа со најнови знења и искуства од Франција, Италија и Шпанија, пред се од областа Бургундија во Франција.

Тоа се 56 танкови со мали димензии со капацитет од 8 илјади литри секој.

„Тоа ни дава можност практично дополнително да работиме и да го зголемиме квалитетот, но и следливоста на одредени микро локации од тиквешкиот регион дури на ниво на одредена парцела. Значи да го повториме она што беше успех на Бела вода и Барово во изминатиот период кога добија по 94 и 95 поени од Паркер како такви микро локации со автентични вински вкусови од одредени микро локации. Со оваа инвестиција всушност добиваме можност во иднина да промовираме и други микро локации. Само со таков пристап, со вложување во квалитет и промовирање на автентични македонски црвени вина можеме да станеме дополнително препознатливи во светот. Тоа е всушност нашата определба, континуирано вложување“, изјави Илиевски.

Со оваа последна инвестиција, посочи тој, досега во изминатите десет години откако групацијата М-6 го презеде Тиквеш вкупниот износ на инвестиција се заокружува на 30 милиони евра.

Според планот, подвлече, Тиквеш годинава ќе откупи околу 18 илјади тони килограми различни сорти на грозје или отприлика колку годишниот просек во изминатиот период.

Генерално, истакна Илиевски, се задржуваат минатогодишните цени, а за некои висококвалитетни сорти има благи покачувања.

„Она што е посебно интересно е тоа што за оние лозари кои традиционално соработуваме и имаме склучени договори, а произведуваат по наши препораки ќе има бонуси за некои сорти грозје кои изнесуваат и до 40 или 50 проценти“, нагласи Илиевски.

Тој додаде дека годинешната гроздоберска сезона е исклучително тешка поради лошите временски услови.

„Генерално грозјето е со квалитет како минатата година, а одредени сорти се и подобри од лани. Сигурен сум дека ќе успееме да извадиме ист квалитет како минатогодишниот, а за тоа е многу значаен токму нашиот партнерски однос со лозарите кои ги почитуваат нашите препораки во производството на грозје“, рече Илиевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП