27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа поттикнување на вработувањето 54 милиони евра од ЕУ, мал дел искористени

За поттикнување на вработувањето 54 милиони евра од ЕУ, мал дел искористени

E

Вкупно 64 милиони евра се наменети за поттикнување на вработувањето и развојот на вештините за вработување во земјава. Од нив, 54 милиони евра се средства од Европската унија, а останатите се обезбедени од буџетот на Република Македонија.

Станува збор за средства од Оперативната програма за развој на човечки ресурси што се спроведува од 2007 до 2013 година во рамки на четвртата компонента од Инстументот за претпристапна помош (ИПА).

Досега, се распределени 14 милиони евра за тековни проекти, а има и такви што веќе се во фаза на потпишување. Сепак, се уште има и средства што чекаат да бидат распределени.

– Вработувањето и градењето на услови за вработување се една од важните цели и затоа многу средства се одвојуваат за оваа намена. Имаме сеопфатна програма за развој на човечките ресурси што се спроведува во период од седум години. Целта е да се постигне поголема вработеност и вработувањата да бидат достапни до повеќе граѓани. Од една страна сакаме да ги зајакнеме институциите, а од друга страна да го подобриме животот на граѓаните и затоа финансираме во вештините и обуките за граѓаните, истакна на денешната средба со новинарите Ингрид Сагер, шеф на Секторот за човечки ресурси во Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Таа оцени дека досега многу е постигнато, но дека сепак напредокот е многу спор. – Од една страна сме задоволни, а од друга страна не сме. Се наоѓаме на почетокот на спроведувањето на програмата. Имаме едно до едно и пол годишно искуство во спроведувањето затоа што иако програмата се нарекува 2007-2013, првите години беа посветени на зајакнување на институциите за да можат да раководат со овие средства. Постојано соработуваме со владините партнери за да ја зголемиме ефикасноста на системот и се надеваме дека ќе ја забрзаме имплементацијата, рече Сагер.

Досега нема точни податоци за тоа колку лица се вработени со овие програми,  но од ЕУ очекуваат попрецизни информации за година до две години.

Програмата за развој на човечки ресурси 2007 – 2013 беше усвоена во декември 2007 година од страна на Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП