12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на индустриските производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво

Цените на индустриските производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво

bizzzzzzzzz

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, според објавените податоци на Државниот завод за статистика, се пониски за 0,3 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 4,8 отсто на годишно ниво.

Во јануари 2013, во споредба со декември 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 0,5 отсто, во групата Нетрајни производи зa широка потрошувачка за 0 отсто, во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1 отсто и во групата Капитални производи за 0,1 отсто.

Во јануари 2013, во споредба со јануари 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 7,7 отсто, во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 7,1 отсто, во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 6,1 отсто и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП