24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ Air France-KLM ќе вложи една милијарда евра во Transavia

Air France-KLM ќе вложи една милијарда евра во Transavia

transavia klm

Француско-холандскиот авиопревозник „Air France-KLM“ објави дека ќе вложи милијарда евра во развој на „Transavia“ во Европа.

Планот вклучува отворање до 250 нови работни места за пилоти до 2019-та и зголемување на флотата на „Transaviа“ од сегашните 50 на повеќе од 100 авиони, изјави за медиумите извршниот директор на „Air France KLM“, Александер де Жуниак.

„Овој план ќе му овозможи на „Air France-KLM“ да го зацврсти своето место меѓу нискобуџетните компании во Европа“, вели Жуниак.

Тој не ја исклучи можноста за аквизиција во функција на дополнување на растот.

Вториот традиционален авиопревозник во Европа според приходите, минатата недела објави дека управниот одбор го одобрил планот за отворање на нови бази во Европа во склоп на брендот „Transavia“, се со цел да го врати пазарниот удел кој му го одзема конкуренцијата.

Со зголемен акцент во сегмент на нискобуџетниот превоз, „Air France-KLM“ го следи примерот на германскиот конкурент „Lufthansа“ кој ги шири истите услуги преку малку познатиот превозник „Eurowings“, а се разгледува и можноста за основање на ист таков превозник специјализиран за далечни дестинации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП