1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft се подготвува за ново купување

Microsoft се подготвува за ново купување

Microsoft-Mojang

Шведската компанија „Mojang“, позната по развојот на многу популарната игра „Minecraft“, наскоро би можела да биде дел од јатото на „Microsoft“, доколку може да им се верува на извештаите од различни извори.

„Wall Street Journal“ објави дека оваа аквизиција ќе вреди повеќе од 2 милијарди долари, а нормално раководствата на двете компании несакаат да ги коментираат овие информации.

Кој ја иницираше работа се уште е непознато. „New York Times“ вели дека целата работа започнала пред најмалку три месеци, кога од „Microsoft“ контактирале со првите луѓе на „Mojang“.

Но, „Bloomberg“ пишува дека Маркус Персон бил тој што го направил првиот чекор и како основач на „Mojang“ контактирал со „Microsoft“, затоа што имал позитивно искуство со префрлувањето на „Minecraft“ на „Xbox“.

Се очекува работата да биде готова до крајот на овој месец. „Bloomberg“ исто така пишува дека Персон ќе помогне во транзицијата, но малку е веројатно дека потоа ќе остане во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП