
Совршениот „East Coast“ традиционален имот може да биде ваш по цена од 17 милиони долари.


Совршениот „East Coast“ традиционален имот може да биде ваш по цена од 17 милиони долари.
Овој имот има 1.500 метри квадратни животен простор, распореден на три ката, со светол и отворен план. Го дизајнирал Винстон Брук Чапел, а го изградила компанијата „Aragon Counstruction“.
Овој дом е комбинација од комфор, елегантен дизајн и уникатни богати простории.
Се состои од девет спални соби, единаесет полни и три полу купатила. Има фоаје кое се простира на два ката, скали и лифт.
Широките ходници ве водат до формалната трпезарија, две спални соби, два тоалета, фантастичната гурманска кујна и до дневната соба.
Вилата, исто така, има и куќна канцеларија и библиотека, соба за билијард, вински подрум, теретана и сауна.
За забава тука е и домашното кино со грандиозен екран и луксузен простор за седење за 20 луѓе. Од другите погодности, тука е гаражата за три автомобили, балконот, големиот базен и место за правење скара, каминот, просторот за седење и уживање…







