27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради штрајк откажани стотина летови на аеродромот во Минхен

Поради штрајк откажани стотина летови на аеродромот во Минхен

lufthanza-1410334709-565273

Пилотите на најголемата европска авиокомпанија „Lufthansa“ ќе штрајкуваат денеска од 10 до 18 часот на минхенскиот аеродром поради несогласувањата со раководството на компанија околу програмата за пензија.

Откажани се околу 110 летови на аеродромот во Минхен, па поради тоа 13.500 патници, повеќето за европски летови, ќе мораат да бараат алтернативни решенија. Во компанијата велат дека интерконтиненталните летови не се доведени во прашање поради овој штрајк.

Ова е веќе четврти штрајк на пилотите во последните пет месеци. Причината е несогласувањата меѓу пилотите и управата во врска со заминувањето во пензија, односно предвремено пензионирање на пилотите и пилотска надокнада за тој период. Според важечките прописи, пилотите на оваа компанија имаат можност да заминат во предвремена пензија со наполнети 55 години, но авиокомпанијата сака тоа да го промени и да ја подигне границата за минимални години за заминување во пензија, како и да ги вклучи пилотите во финансирањето на нивните пензии.

Во сопственост на „Lufthansa“ се и австриската национална авиокомпанија „Austrian Airlines“, „Swiss“ и „Germanwings“, но нивните пилоти не штрајкуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП