3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемени потрошувачките цени во БиХ

Зголемени потрошувачките цени во БиХ

bih1

Потрошувачките цени во Босна и Херцеговина зголемени се во јануари оваа година за 0,3 отсто, во однос на декември 2012 година.

Според податоците на Агенцијата за статистика на БиХ, поскапеа алкохолните пијалоци и цигарите за 5,6 отсто, храната и безалкохолните пијалоци за 0,9 отсто, комуникациите за 0,3 отсто, рекреацијата за 0,2 отсто и останати услуги и стока за 0,1 отсто.

Пониски цени на месечно ниво во јануари имале облеката и чевлите за 5,2 отсто, здравствените услуги за 0,7, превозот за 0,2 и мебелот и апаратите за домаќинство за 0,1 отсто.

Годишната инфлација во БиХ во јануари оваа година била 1,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП