Американскиот ланец на ресторани за брза храна „McDonald’s“ во август забележа пад на глобалната продажба од 3,7 проценти, со спротивставување на резултатите во оделни региони.
На американскиот пазар, на споредлива површина ресторани, дошло до пад на продажбата од 2,8 проценти, во контекст на силната конкуренција, се истакнува во соопштениeто на компанијата.
Продажбата во Европа е намалена за 0,7 проценти, а динамичниот промет во рестораните во Велика Британија е компензиран со слабата продажба во Русија.
Во остатокот од свeтот продажбата се намалила за 14,5 проценти, најмногу поради неодамнешниот санитарен скандал вo Кина. Како што проценуваат во американската компанија, поради овие проблеми на кинескиот пазар, профитот по акција во третиот квартал ќе биде помал од 0,15 до 0,20 долари во однос на истиот период минатата година.