28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГодишниот раст на Ikea значително подобрен

Годишниот раст на Ikea значително подобрен

ikea

Најголемиот светски производител на мебел „Ikea“, во фискалната година завршена на крајот на август, оствари раст на продажбата од 5,6 проценти, на 28,7 милијарди евра.

Во претходната фискална година тој раст изнесуваше 3,2 проценти.

Оваа шведска компанија со своите 300 продажни објекти во 26 земји во целиот свет, истакна во соопштението дека најдобри резултати забележала на кинескиот пазар, но и дека продажбата во Северна Америка била прилично добра.

Во Европа , каде „Ikea“ остварува 70 проценти од приходите, условите за работење останале тешки, но како што наведува, ситуацијата на тој пазар постепено се подобрува.

„Забележуваме позитивни сигнали во поглед на потрошувачката во речиси сите европски земји во кои сме присутни, дури и на југот од континентот“, изјави генералниот директор на „Ikea“, Петар Агнафјал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП