2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ значително ја зголеми нето добивката во 2012 година

ЕЦБ значително ја зголеми нето добивката во 2012 година

ecb_2

Европската централна банка ЕЦБ соопшти дека лани евидентирала силен раст на нето профитот, благодарение на каматите на обврзниците на презадолжените држави на еврозоната.

Банката наведува дека нето профитот во 2012 година изнесувал 998 милиони евра, во однос на 728 милиони од претходната година.

Значаен дел од профитот е остварен благодарение на каматите во рамки на контроверзната шема за купување на обврзници од земји кои имаа проблеми во собирање на средства на финансиските пазари.

Вкупните нето приходи од камати во минатата година се зголемија на 2,289 милијарди евра, во однос на 1,999 милијарди евра колку што изнесуваа во 2011 година.

Притоа 1,108 милијарди евра од тој износ отпаѓа на обврзниците кои ЕЦБ ги откупи како дел од програмата за задолжените земји, вклучувајќи 555 милиони евра камата на портфолијото на грчкиот долг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП