26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИElectrolux го купува одделението за бела техника на GE

Electrolux го купува одделението за бела техника на GE

A man walks past an Electrolux shop in Riga

Шведски „Electrolux“ објави дека ќе го купи одделението за бела техника на „General Electric“ зa 3.3 милијарди долари, а со тоа двојно да ја зголеми продажбата во Северна Америка и да му се спротивстави на најголемиот ривал – „Whirpool“.

Од „Electrolux“ во август изјавија дека се наоѓаат во преговори во врска со купувањето на одделението за бела техника на „General Electric“ со цел да го зајакнат своето присуство на пазарите кои растат побрзо од Европа. Станува збор за досега најскапата аквизиција на компанијата.

„Врвните уреди на „General Electric“ дополнително ги збогатуваат нашите легендарни брендови и го зајакнуваат присуството во Северна Америка“, изјави извршниот директор на компанијата, Кит Меклофин.

„Electrolux“ своите уреди ги продава под неколку брендови, како што се „AEG“ и „Zanussi“, па така е вториот најголем производител на бела техника, веднаш зад „Whirpool“.

Купувањето на одделението за бела техника ги вклучува шпоретите, фрижидерите и клима уредите, а тие би требало двојно да ја зголемат продажбата на „Electrolux“ во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП