Компанијата „Telefonica Deutschland“, германската гранка на шпанската групација „Telefonica“, планира докапитализација со цел да го плати преземањето на ривалскиот оператор „E-Plus“.
Во соопштението на „Telefonica Deutschland“ се наведува дека ќе емитува 1,117 милијарди нови акции по одделна цена од 3,24 евра, со што е планирано собирање на вкупно 3,62 милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес.
Европската комисија во јули даде „зелено светло“ за преземањето на „Telefonica Deutschland“ на „E-Plus“ за сума од 8,5 милијарди евра, што ќе резултира со спојување на третиот и четвртиот најголем германски телекомуникациски оператор.