28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот моќен Chromebook Pixel

Новиот моќен Chromebook Pixel

pixel

„Google“ вчера го претстави својот нов „Chromebook“. Иако овие производи не се поврзуваат со својата достапност, кај овој модел тоа не е случај.

„Chromebook Pixel“ е лаптоп кој има екран со висока резолуција (239 пиксели по инч), со екран осетлив на допир, прекриен со издржливо „Gorilla“ стакло, со „IntelCore I5“ процесор, а од „Google“ велат дека батеријата држи пет часа.

Исто така постои и верзија која има поддршка за „LTE“ и чија цена изнесува 1.449 долари, а основниот модел чини 1.299 долари.

Овој компјутер со „Chrome OS“, тежи нешто повеќе од 1.5 килограми, а дебелината му е 1.6 сантиметри.

Сундар Пичаи, еден од потпретседателите на компанијата, изјави дека овој модел ќе биде наменет за корисниците кои имаат барања поголеми од просечниот корисник на компјутер.

Во официјалното соопштение беше наведено дека „Chromebook Pixel“ ќе биде достапен преку „Google Play“ продавниците во Америка и Велика Британија, но и на „BestBuy.com “.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП