25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбански агрономи заинтересирани за македонскиот лозов калем

Албански агрономи заинтересирани за македонскиот лозов калем

grozje1

Делегацијата од албански универзитетски професори, претставници на албанското министерство за земјоделство, како и земјоделци од Албанија беше во посета на неготинското село Тимјаник за да се запознае со бизнисот на семејството Мојсовски, кое произведува сертифициран лозов калем.

– Нашата земјоделска компанија „Агро-калем“ веќе неколку години успешно се бави со производство на лозови калеми за потребите на лозарството во земјава. Гостите од Албанија посебно се интересираат околу производството на расадот за лозовите садници. Сакаат нашето искуство да го пренесат во сопствената земја, рече сопственичката на „Агро-калем“, Васе Мојсовска.

Посетата на Тимјаник беше во организација на албанското министерство за земјоделство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП