24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesla Motors ќе гради фабрика за акумулатори во Невада

Tesla Motors ќе гради фабрика за акумулатори во Невада

Telsa Motors Opens New "Supercharger" Station In Fremont, California

Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla Мotors“ во Невада ќе ја изгради најголемата фабрика за производство на литиум-јонски акумулатори на светот во вредност од пет милијарди долари, изјави денеска гувернерот на оваа сојузна држава, Брајан Сандовал.

Споменатата фабрика, според неговите зборови, ќе и донесе на економијата на Невада скоро 100 милијарди долари во наредните 20 години, ќе вработи директно 6.500 работници и индиректно уште 16.000 работници, а со тоа ќе го зголеми бруто домашниот производ на Невада за четири отсто.

„Договорот со „Tesla Мotors“ ќе ја промени Невада засекогаш, помагајќи отворање на илјадници нови работни места и ќе донесе милијарди долари во нашата економија“, вели гувернерот на церемонијата со директорот на „Teslа“, Елон Маск.

Тој додава дека ова е историски ден за Невада, како и дека по изградбата на фабриката, тоа ќе биде најголемата и најнапредната фабрика за акумулатори во светот.

Невада се натпреваруваше со уште четири држави – Калифорнија, Тексас, Ново Мексико и Аризона, да биде домаќин на фабриката на „Teslа“, а по постигнувањето на договорот со „Teslа“ ветија пакет на даночни олеснувања, вреден 1.25 милијарди долари во наредните 20 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП