13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДетроит е најбеден град во САД

Детроит е најбеден град во САД

detroit

Насилство, висока стапка на невработеност, намалување на населението и финансиската криза, го прават Детроит најбеден град за живеење во САД, објави во четвртокот списанието Форбс.

Го надмаши Мајами, кој ја држеше ланската титула за најбеден град. Зад Детроит се наоѓа Флинт кој е од истата држава Мичиген, потоа следи Рокфорд и Чикаго во државата Илиноис, па Модесто од Калифорнија. Ова се петте најбедни урбани места за живеење во Америка.

Проблемите во Детроит не се никаква новост. Се работи за четириесетгодишно пропаѓање што оди заедно со автомобилската индустрија. Овој град кој е центар на автомобилската индустрија е на работ на банкрот.

Стапката на насилен криминал во Детроит е најголем со 1052 случаеви на 100.000 луѓе, според ФБИ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП